Министерот за транспорт и врски беше во посета на Кочани каде заедно со кочанскиот градоначалник извршија увид на градежните работи за изградба на кружниот тек во близина на основното училиште Малина Поп Иванова односно лоциран на булеварот Тодосија Паунов.

Со овој кружен тек треба дополнително да се зголеми безбедноста во сообраќајот каде имало во неколку наврати сообраќајни несреќи со материјална штета.

Со оваа посета министерот го најави почетокот на градежната сезона и има доста проекти што ќе се реализираат периодот што следи во општините од крајниот исток.