Пензионерите од Македонска Каменица оваа година поголемиот број на активностите кои што беа предвидени со програмата за работа се ставени на stend by а оние што се реализирани се многу малку бидејќи и тие не останаа имуни како и другите граѓански организации од корона вирусот.

Со програмата од 2020 година дел од програмските активности беа успешно реализирани додека дел од нив останаа неорганизирани. Јаворка Соколовска прет.на ЗП Македонска Каменица

Една од најпрепознатливите манифестации што се организира токму од ова здружение и има меѓународен карактер оваа година не се одржа.

Она по кое сме препознатливи во републиката па и пошироко е манифрстацијата бабина баница која за жал оваа година не можевме да ја организираме. Јаворка Соколовска прет.на ЗП Македонска Каменица

Единствен културен настан што го реализираше каменичкото здружение на пензионери се регионалните 18 ти ревии на кој беше и домаќин и мораше да се обрне внимание на сите оние заштитни мерки и протоколи да бидат испочитувани за заштитување од ковид -19 што се донесени од здраствените власти.

Морам да истакнам дека оваа година бевме домаќини на 18 тата музичка ревија на песна музика и игри со учество на здруженијата од овој регион со своја програма. Ревијата беше организирана придржувајки се на сите протоколи и мерки за заштита од корона вирусот.

Последната активност што се планира да ја направи оваа организација е доделувањето на 130 солидарни пакети кои се набавени во соработка со локалната самоуправа на Македонска Каменица и се наменети за старите болни и изнемоштени пензионери.