Под мотото „Помислете и на нас“, а како дел од одбележувањето на Неделата на борба против гладта, Општинската организација на Црвен крст Делчево денес во Македонска Каменица реализираше хуманитарна собирна акција за поддршка на ранливите категории граѓани. Во рамки на денешната акција, како што информираа од Црвен крст – Делчево, хуманите граѓани од Македонска Каменица, според своите можности донираа парични средства како и прехранбени артикли и намирници со подолг рок на траење. Од паричните средства кои ќе бидат соберени заедно со останатите намирници, ќе бидат изготвени хуманитарни пакети, кои ќе бидат наменети за помош на ранливите категории на граѓани од општините Македонска Каменица и Делчево.

Сите граѓани, фирми, компании и институции во нашиот регион беше посакувано да се вклучат во акцијата и во рамки на своите можности да донираат парични средства, како и прехранбени артикли, се со цел да стигне до оние на кои им е најпотребна помошта. Денешната акција со жителите од М.Каменица се реализира од 11 до 15 часот своите донации граѓаните можеа да ги достават во собирниот пункт пред Жито маркети во центарот на градот.