Веќе подолг период со градежна механизација се работи на патниот правец Македонска Каменица – Саса. Во првата фаза беше неопходно да се одстрани дел од стариот асфалтен слој и подготовка на мостовите кои што ги има долж делницата веќе од денес може да се забележи пареата од ваљакот кој поминува врз новата афалтна подлога која што почна да се асфалтира од денес првата делница од регионалниот пат.

Многу битна транспорна делница што многу значи за оваа рударска општина токму овој пат се користи за пристугнување на многуте вработени рудари од Каменица а и околните општини, траспортот на самата рудна суровина до следната дестинација но и за локалните жители од селото Саса кои ќе имаат подобра поврзаност со градот и нема да стравуваат дали ќе наиде камјон од спротивна насока и ќе може ли да се разминат бидејќи според новиот проект ширината на овој патен правец е поголема од онаа што беше предходно.