Волонтери од Клуб на млади од Македонска Каменица преку Општинска Организација на Црвен Крст – Делчево, денеска спроведоа хуманитарна акција во која поделија пакети со школски прибор за ученици од социјално ранливи семејства и категории на граѓани.


Исто така, во соработка со општина Македонска Каменица беше реализирана акција во која беа поделени заштитни маски и флаери со препораки за превенција од Covid-19 на граѓаните на нашата Општина.