Денеска, според прогнозата на УХМР, ќе биде претежно сончево со максимална температура до 32 степена. Уште од претпладне ќе дува умерен до засилен северозападен ветер најизразен долж Повардарието и на повисоките места.

До крајот на неделава треба да имаме претежно сончево време, без врнежи и со пораст на дневната температура, која за викендот се очекува да достигне и до 37 степени. По викендот повторно ќе биде нестабилно.