Продолжуваат градежните работи од изградбата на “Паркот на млади” во Македонска Каменица.
По целосно завршената изградба на хоризонталната основна подлога, веќе започнаа подготовките за изведба на останатите градежни работи кои предвидуваат изградба на неколку “скирол”рампи.

Изградбата на Скејт паркот е прва етапа од проектот “Парк на млади”, кој на 8000 м2 ќе понуди разни содржини за спорт, рекреација и релаксација, пред сѐ на децата и младите генерации граѓани на Македонска Каменица.

Паралелно со ова, интензивно се работи и на доуредување на сите пешачки патеки и изградба на нови пристапни скали на градскиот кеј од Каменичка Река. Во рамки на овој Договор за партерно уредување и бетонски работи, покрај другите градежни работи предвидено е целосно уредување и поправка на оштетените делови од градскиот плоштад во Македонска Каменица.

Но останува вистинското прашање како да се задржат младите во овој град и градат своја кариера овде, зошто да го продолжуваат образованието во соседните градови кога во нашата гимназија во минатото завршуваа 90-тина среднисти а сега се запишуваат едвај 40 тина???