Преку проектот “Набавка на опрема за собирање и транспорт на отпад во источен и североисточен плански регион” општина Македонска Каменица денес го доби возилото за собирање на отпад. Возилото е со зафатнина од 10 м3 и целосно ги задоволува потребите за непречено складирање и транспорт на отпадот од општина Македонска Каменица.

Проектот финансиран со средства од ИПА програмата за регионален развој на Европската унија, ќе овозможи современ начин на третирање на отпадот од општина Македонска Каменица до регионалниот центар за преработка на отпад во село Мечкуевци, Свети Николе.

Со ова, се подобрува функционалноста на ЈП “Камена Река” и создава услови за нова и современа реорганизација во изнесувањето на отпадот од територијата на општина Македонска Каменица.