Во центарот на Македонска Каменица се случи сообраќајна несреќа која предизвикала значителна материјална штета. Патничко возило уништило дел од отворен простор на угостителски објект, соборило столб од системот за улично осветлување и слетало врз кров од друг објект. Неофицијално, сообраќајката е предизвикана од возач на патничко моторно возило марка “Фолксваген” кое се движело на патниот правец Делчево – Македонска Каменица.

Како можни причини кои довеле до излетување на возилото од патот, најверојатно се: влажниот коловоз и можноста од неприлагодена брзина на возилото. На местото на настанот пристигна и полициска екипа од Полициското одделение во Македонска Каменица и МВР Делчево, кои најавија дополнителни информации за причините и останатите детали за несреќата.