Завршена е реконструкцијата на пумпната станица за водоснабдување на Индустриска зона во Македонска Каменица.

Покрај реконструкцијата, со набавката на новата Grundfos автоматизирана пумпа за вода се обезбедува задоволување на потребите за непречено водоснабдување на капацитетите во Индустриската зона во Македонска Каменица.

Врз основа на најниската понуда од 1.318.676,00 денари доставена до општина Македонска Каменица при спроведена Јавна набавка е склучен Договор за набавка и монтирање на пумпа за вода со автоматско вклучување со Друштвото за производство,услуги и трговија АЛФА ИНЖИНЕРИНГ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје.