Годините и високите температури не се проблем на оваа прекрасна жена, нејзин единствен проблем е дали некој ќе купи нешто за да однесе лебче на внучињата на што таа им е и мајка и татко. Чистото чаршавче, малата тезга и нејзиниот искрен поглед полн со надеж се нејзиното секојдневие.

Доаѓа на шеталиштето со бастунче едвај оди ноно чесно си заработува полна е со надеж дека некого ќе услужи и и продаде нешто. На нејзината тезга може да се најдат ланчиња, приврзочиња, слики со охридските знаменитости кои што повеќето од работите на тезгата сама ги изработува а ги продава за само 50- тина денари нема ниту едно € за сите нас тоа е минус едно кафе а за нејзе и нејзините внучиња корка лебче.