По подолго време во листата на заболени од Ковид-19 се најде и Делчево со 3 нови случаи.

Неофицијално сите случаи се од М.Каменица и се поврзани со случајот кој пред неколку дена се појави во Македонска Каменица, но засега информацијата не е потврдена.

Со првиот случај на коронавирус во Македонска Каменица, бројката на активни случаи од почетокот на пандемијата во регионот на Пијанец изнесува 5 случаи од кои во моментот со оној во Македонска Каменица бројот на активни случаи изнесува 4 позитивни на Ковид-19.