Викендов во хотел „Истатов“ Нов Дојран, се реализира дводневен семинар за млади екологисти од Каменица и Пехчево на тема:
„Архуска конвенција и вредностите на архуска конвенција” во рамки на проектот: „Животна средина, демократија и градење на капацитети за Архуска конвенција во регионот Малеш-Пијанец”.

Ние сме партнери на проектот со “Амброзија од Пехчево, во него се вклучени младите екологисти да се запознаат со Аркуската конвенција Проектот ќе трае 6 месеци, каде повеќе млади екологисти од М. Каменица ќе бидат вклучени во проектот. Кажа Миран Митревски од еколошко друштво здравец 2002 во интернет комуникација за be face multimedia.

Семинарот бил организиран од страна на Регионалениот центар за застапување – Делчево,а како партнери Еколошко друштво „Здравец 2002“ – Македонска Каменица и Центар за лековити билки и шумски плодови „Амброзија“ од малешевската општина Пехчево.