Од вчера ФК Каменица Саса и официјално ги започна подготовките за новата сезона во ВМФЛ-Исток. За нов шеф на стручниот штаб на “Рударите” е назначен Горан Здравков, човекот кој во претходната полусезона беше вистински лидер во зелено-црниот дрес.

По строго контролирани протоколи за заштита од Covid 19, денес фудбалерите на ФК Каменица Саса го одржаа првиот состанок, а потоа и првиот тренинг како дел од подготовките за новата сезона.

Она што е вредно да се спомене е дека на денешната прозивка беа и фудбалерите од младинскиот погон на ФК Каменица Саса како Антовски, Стојковски, Миленковски, Николовски како и повратникот од Малта, Филип Николовски.

Да им посакаме успешна сезона на нашите миленици.

Извор: https://fkkamenica-sasa.mk