Предизборни каравани и активности за предвемените парламентарни избори 2020 секојдневно има и во Македонска Каменица вчерашниот пазарен ден и поголемата фрекфенција на каменичани се искористи за средба со граѓаните и представување на своите предизборни програми.

Денеска почнуваме од Македонска Каменица. Заедно со кандидатот за пратеник, Даниела Христова ќе ја презентираме програмата Проект Обнова. Насекаде се чувствува поддршката од народот и желбата за промена, затоа на 15 јули следи обнова на Македонија! Воедно сакам да им порачам на оние кои промовираат црна кампања за мене, дека не можат со тоа да го покријат срамот и неработењето во овие 3 години откако се на власт, затоа и ќе заминете во историјата!

Цел на денешната посета на заменик-министерката за образование Елизабета Наумовска, покрај разговорите за актуелната состојба во образовниот процес во услови на пандемија, беше разговарано и за условите во кои функционираат двете училиштата во Македонска Каменица.
Во рамки на посетата министерката Наумовска беше запознаена за постојаните вложувања на општина Македонска Каменица во подобрување на условите за работа и следење на наставата во училиштата, како и за инвестициите кои овозможуваат нови и реновирани простори и терени за спорт и рекреација на учениците и младите.