Проректорот за настава Мишко Џидров вели дека ги отвoраат веб – платформите за да се намали метежот што воообичааено го има на уписите во aвгуст. Идните студенти ќе може да ги скенираат сите потребни документи, а комисијата во текот на летото ќе ги провери по што ќе биде објавено рангирањето. 

Прво ќе се види интересот, па ќе се утврди дали на некои од факултетите ќе бидат организирани приемни испити. Со конкурсот објавен минатата недела на Штипскиот универзитет може да се запишат 3.800 студенти.

Иако вообичаено 20% се студенти од странство, се уште нема информации дали годинава поради пандемијата со коронавирус ќе има интерес на студенти од други земји. 

Годинава Штипскиот универзитет ќе додели и 60 стипендии за оние што ќе се запишат на Филолошкиот факултет. Тие се наменети за студенти по македонски јазик, но и италијански, германски, француски, англиски и турски јазик. Последната генерација средношколци поради пандемијата ќе може да се запише без државна матура.