Делчевската полиција досега казнила 52 граѓани кои не носеле заштитна маска. Казнетите граѓани како што информира командирот на делчевската полиција Стојан Димитровски се поради непочитување на обврската за носење заштитни маски, која од 1 мај  годинава важи за сите граѓани на Македонија. 

Полициската станица од општа надлежност Делчево во континуитет презема мерки за контрола на почитување на обврската за носење заштитна маска. Во таа насока, од страна на полициските службеници, досега во Делчево се констатирани  вкупно 52 прекршоци за неносење лична заштита на лицето при што прекршителите заработија парични казни, информират од делчевската полиција.

Според законот, казна од 20 евра како што додава ќе му биде изречена на секое лице кое нема да носи заштитна опрема, односно маска, шал, марама и слично во затворени простории, како маркети, банки, пошти, чекалници, здравствени институции.

Од полицијата апелираат до сите граѓани особено до помладите кои се и најчестите прекршители на мерките, да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот, со што сите заеднички ќе придонесат што побрзо животот да се врати во нормала.

Извор: https://delcevo365.mk/2020/06/27/28454/