Времето во земјава ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Попладне на места ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има и услови за појава на краткотрајно невреме. Утринската температура ќе се движи од 10 до 19, а дневната од 24 до 33 степени. УВ-индексот ќе изнесува 8. До сабота во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има услови и за изолирана појава на краткотрајно невреме. Температурите ќе бидат во позначителен пораст (над30°С).