Поради настанат дефект на главна водоводна линија од системот за снабдување со вода, граѓаните на Македонска Каменица во поголемиот дел од утрешниот ден ќе бидат без вода за пиење.

Од ЈП „Камена Река“ изјавуваат дека поради специфичноста на дефектот, поправката на истиот ќе започне во раните утрински часови. Од претпријатието апелираат до граѓаните за рационално користење на резервните количини, во спротивно првин високите, а потоа и ниските делови ќе останат без вода за пиење.

Дежурни екипи на Јавното претпријатие ќе работат на отстранување на дефектот од раните утрински часови, со почеток од 06:00 часот.