Според Индексот на рангирање кој денеска го објави Центарот за граѓански комуникации, општина Македонска Каменица со 85,9% успешност во активната транспарентност, се наоѓа на седмо место во државата.

Општина Македонска Каменица е најтранспарентна општина од Источно Планскиот Регион далеку над просекот кај останатите општини во регионот од 68,3%.

Ова претставува висок напредок во подобрувањето на активната транспарентност на општина Македонска Каменица, бидејќи во 2017 година општината се наоѓаше на 76 место со 22,4%.