Неколку години наназад еколошкото друштво „ЗДРАВЕЦ 2002“ организираше традиционална меѓугранична средба на највисоката точка од осоговските планини на врвот Руен. Моменталната ситуација која е предизвикана од Ковид 19 друштвото на својот официјален facebook профил се произнесе за ова прашање и објавија дека оваа година нема да биде организирана оваа средба која беше предвидена за 28 јуни.

Поради мерки и препораки за заштита и превенција од корона вирусот “КОВИД – 19”, Еколшко друштво „Здравец 2002“ од Македонска Каменица нема да ја организира: Традиционалната меѓугранична средба „Руен 2020“, која треба да се одржи на 28.06.2020 година (недела), сите кои ќе излезат тој ден на врвот Руен го прават  на сопствена одговорност.

Стои во соопштението на еколошкото друштво „Здравец2002“.