Изминативе неколку денови на тероторијата на Општина Македонска Каменица честа беше појавата на угинати кучиња и мачиња што добар дел од нив живеат во кругот на семејствата.

Зошто некој се смета за нешто поголемо од господа и одлучува за туѓи животи. Што се тие виновни обично животно кое и како секое живо битие се раѓа живее и умира но по природен пат.

Како може отровот да биде решението за одстранување на врева и што толку штета се има видено од нив, нормално дека постојат бездомни или како што некои ги нарекуваат скитници, но за нивно намалување постои целосен процес за тоа и постојат ветеринарните служби за нивно оневозможување за создавање потомства кои се фрлаат покрај пат во канта за губре или оставени во некоја кутија.

Опасноста не е само по животните има деца кои си играат надвор покрај своите домови и можат да дојдат во контакт со тој растуран отров било каде. Советувајте ги вашите деца на поголема внимателност каде и што допораат играјки си надвор веќе станува сериозна ситуацијата и има се повеќе објави по социалните мрежи од наши сограѓани за овој проблем.