Патниот правец Црн Камен-Калиманци, кој делумно беше асфалтиран далечната 1993 година, не е заборавен од оваа локална власт. Од денес, градежната механизација на Македонија пат започна со уредување на 3100 метри, колку што остануваат за комплетирање на овој регионален патен правец.

Ова е стариот пат кој ги поврзуваше општините Виница и Делчево,и кој имаше и асфалтиран, но и цели 3 км. земјена површина.

Градоначалникот Ивица Димитров денес на терен го означи стартот на оваа инвестиција….“Ме радува фактот што ние како општина успеавме да обезбедиме една солидна сума на средства и да заокружиме еден проект кој е во статус кво ситуација речиси 3 децении, започнат, но не е завршен. Со средства во висина од 19 000 000,00 денари кои ги обезбедивме преку Јавното претпријатие за државни патишта, денес ја стартуваме финализацијата на овие 3100 метри во ширина од 3,5 метри, а со тоа ќе добиеме уште едно ново квалитетно сообраќајно решение за поврзување на Виница со соседната општина Делчево, и секако едно големо олеснување за жителите од ридско-планинските населени места“, рече Димитров.

Извор: