За учебната година што доаѓа од септември капацитетот на средниот општински училишен центар Миле Јаневски-Џингар може да прими до 204 нови ученици распределени во 6 паралелки.

Водејќи се по наставните програми и планови е предвидено 68 ученици за гимазиско образование; 68- текстилно кожарска ( техничар за изработка на облека; тех. за дизајн на облека; конфекционер со III годишна програма); геолошко-рударска и металуршка 68 ( геолошки рударски техничар; ракувач на рударски машини со III годишна програма). Од потребна документација која треба да се приложи се свидетелствата од VI – IX одделение, пријава за упис, извод на родени. Предвидени се три уписни рокови: I – 16 и 17 јуни, II – 24 и 25 јуни како и III – 29 јуни 2020 година.