Скринингот на вработените во Детската градинка „Павлина Велјанова“ во Кочани откри дека 9-мина вработени во оваа јавна општинска установа во Кочани, се позитивни на короноварис. Ниту еден од нив немал никакви симптоми. Со ова се потврдува и неопходноста од скрининг, бидејќи евентуалното отворање на градинките без проверка на здравствената состојба на вработените, ќе значи катастрофа.

Резултатите од скринингот се посебно важни затоа што ја прикажуваат состојбата и ќе помогнат во борбата против Ковид-19.