Согласно препораките и мерките за заштита и спречување на заразата со Ковид 19 донесени на Седница на Влада, Општинскиот кризен штаб Македонска Каменица донесе одлука за начинот на функционирање на Градскиот пазар во текот на утрешниот пазарен ден.

Од Јавното претпријатие „Камена Река“, кое стопанисува со Градскиот пазар известуваат дека утре 05.06.2020 година (Петок) истиот ќе работи до 14 часот. На Градскиот пазар ќе бидат изложени исклучиво прехрамбени производи, односно ќе работи на принципот зелен пазар. ЈП „Камена Река“ ги информира закупците на тезги и  потрошувачите да го почитуваат скратеното работно време и апелираат дека е потребно задолжително почитување на мерките за лична заштита, носење заштитна маска на лице, држење растојание од два метри, а на секоја тезга да има задолжително дезинфициенси за раце.

Екипи на ЈП „Камена Река“ во текот на денешниот ден ќе извршат дезинфекција на просторот и тезгите на локацијата на градскиот пазар. Оваа мерка, продолжува да важи до нормализирање на состојбите со ширењето на заразата од Ковид 19.