Плажите во Црна Гора би можеле да бидат отворени на 18. мај. Но, на нив ќе има посебни мерки кои мора да се почитуваат. Црногорците во согласност со Институтот за јавно здравје, донесоа неколку мерки за да се овозможи туристите да бидат безбедни.

Сетот на мерки кои ќе бидат превземени се: ќе биде ограничен бројот на капачи во однос на капацитетот на плажата, ќе има посебни мерки на одржување на чистотата и хигиената, мерки кои се однесуваат на угостителските и другите услуги, мерки околу културните настани.

Водата ќе се контролира на секој десет дена, а сите кои нудат приватен смештај ќе мора задолжително да вршат дезинфекција на просториите на секои три дена.

Маските ќе бидат задолжителни секогаш кога нема да биде можно да се одржува социјална дистанца.