По првомајските празници се очекува Македонија полека да се враќа во нормала, преку подрастично намалување на полицискиот час.

Се очекува полека да се отвараат кафе баровите и рестораните, но само на отворено односно да работат нивните летни тераси, што е погодно со оглед дека доаѓаат повисоки темеператури.

Сепак ќе има и задолжителни препораки, а тоа е носење на маски во затворени места или места каде што нема да може да се обезбеди растојание од 2 метри меѓу граѓаните.