Македонска Каменица доби специјализирани игло контејнери за стакло, кои ќе бидат наменети за селективно одложување на отпадот. Станува збор за донација на специјализираното друштво за управување со отпад од пакување „Пакомак”, од каде истакнаа дека со оваа донација на граѓаните ќе им се олесни процесот на селективно одложување на отпадното стакло.

-Сметаме дека со донациите во овие општини ќе влијаеме на подобрување на комуналната инфрастуктура и ќе овозможиме селективно одложување на отпадот, бидејки неговото место е во специјално назначените контејнери, а не во реките, на улиците, во парковите. Намалувањето на амбалажниот отпад, негово селективно одложување и рециклирање е нешто кон што сите години наназад се залага „Пакомак“.

Само со еколошко однесување ќе имаме помалку диви депонии, почист воздух и поквалитетна почва, истакнаа од „Пакомак“. Градоначалниците на општините упатија благодарност до оваа компанија, која искажала разбирање за нивните потреби во насока на подобрувањето на комуналната хигиена во општините. Ја посочија како општествено одговорната компанија која е пример како треба да изгледа континуираната грижа за подобрување на еколошката состојба во државата.

„Пакомак“ во меѓувреме потпиша и меморандум за соработка со ГИЗ за поставување инфрастуктура за собирање стаклена амбалажа и едукација на населението за бенефитите од селектирањето на амбалажниот отпад. Целта е, како што додадоа од компанијата е да се утврди најдобрата практика за собирање на стаклото која потоа ќе се имплементира низ целата земја.