Во текот на вечерните часови, како и во текот на претстојната ноќ, се најавуваат врнежи од дожд, на места поројни и пообилни и повремено придружувани со засилен ветер (на места над 70 km/h), соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Од УХМР информираат дека кај поголемите водотеци (иако ќе има зголемување на водостојот) не се очекуваат појави на излевање на водата од речните корита, додека кај помалите реки и суводолиците доколку во нивните сливови процесите бидат поинтензивни и со поголеми количини на дожд, можно е брзо зголемување на водостојот, а на места при силни интензивни врнежи можни се и мали локални излевања.

Од УХМР со препорака за внимателно движење покрај помалите реки и суводолиците и на претпазливост на сите оние места каде во текот на ноќта и утрешниот ден се највуваат поројни врнежи од дожд.