Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен, во западните западен, а во источните делови југоисточен ветер, поизразен вдолж Повардарието.

Минималната температура ќе биде во интервал од три до осум, а максималната од 19 до 25 степени.

Во Скопје, како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи, ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до шест, а максималната ќе достигне до 23 степени.

Под влијание на влажен бран утре времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, особено во попладневните и вечерните часови кога на места ќе имаат пообилен карактер. Ќе дува засилен ветер од југозападен правец, кој кон крајот на денот ќе се промени во северен и во текот на ноќта кон среда ќе услови врнежи од снег освен на планините да има и на некои повисоки места.

Во среда ќе биде претежно суво, ќе дува засилен северен ветер што ќе услови пад на дневната температура. Од четврток следува период на сончево и топло време.