Покрај натчовечките напори кои Територијалната противпожарна единица во Македонска Каменица ги вложува со вклученоста со секојдневната дезинфекција на градските улици и јавни површини во градската средина, веќе втор ден по ред интервенираат на терен за гаснење на шумски пожари. Вчера за брзо време успеаа да изгаснат шумски пожар во село Цера, а денес во попладневните часови беа вклучени во акција за гаснење на шумски пожар во село Дулица, во Медарско маало.

сликата е преземена од интернет

При денешниот пожар беа зафатени околу 2,5 хектари дабова шума. Пожарот беше ставен под контрола, односно локализиран. Потоа и целосно изгаснат од припадниците на ТППЕ Македонска Каменица и двајца вработени во ПЕ Национални шуми „Делчево“ – изјави Малин Трајчевски, командир на ТППЕ Македонска Каменица.

Од ТППЕ Македонска Каменица со апел до граѓаните да се воздржат од палење на огнови на отворено, пред се поради непредвидливите временски услови, со моментална појава на силен ветар и посебно внимание поради вонредните услови во кои функционира единицата поради вклученоста во спречувањето и ширењето на заразата со Ковид 19.

сликата е преземена од интернет