Музичката група Диези Бенд“ основана од музичката легенда на Истокот, дипломираниот професор на музичката академија Горан Огнановски од Македонска Каменица кој и денес е во составот заедно со Виктор Манев од Штип одбележува 25 години од почетокот на музичката кариера.

Во овој состав групата свири заедно последните 10 години, а пред тоа во неа членувале исто така музичари од регионот.

Веќе долги години со своите беспрекорни настапи ширум Истокот ДИЕЗИ е еден од најпрепознатливите музички бендови, кој како и сите нас живеејки ги овие тешки моменти од коронакризата им порачува на граѓаните да издржат упатувајки им порака:

Издржете и останете дома. Ќе дојде време кога повторно ќе пееме, ќе свириме, ќе играме и уживаме во звуците на ДИЕЗИ Бенд!

Диези Бенд изразува целосна поддршка до медицинските работници и сите останати вклучени во борбата против КОВИД-19. Воедно упатуваат огромен поздрав до сите жители на Пијанечко-малешевскиот регион и пошироко.